Кежуал розова Среда – Предлог урбан „look“

За вашиот денешен street style, ви предлагаме минималистички стил во совршен микс со универзална естетика. Кога мислиме на минимализмот алудираме и на стилската поддршка на монохроматскиот изглед, а овој пат зборуваме за нијансите на нежната розова романтична боја. Нашата модна визија за часовите што следат, е нешто вака.

Панталони со висок струк, блејзер плус кроп топ. Романтичното е во нијансите на бојата, а штосот е во самата комбинација. Тука, се надоврзуваме на деталите, мини (или микро) чатнтичка како неизбежен детал во сребрена нијанса и секако неизбежните стартки – моделот кој ги полудува сите генерации.