Rolls-Royce Cameo: Луксуз во Минијатура! Cameo е уникатен модел што ги спојува традиционалниот луксуз и уметноста на рачното составување. За љубителите на брендовите со престижна историја, Cameo претставува симбол на елеганција што се пренесува низ генерации.
Rolls-Royce Cameo не е само автомобилска реплика: тоа е минијатурна скулптура што го слави наследството на раните Rolls-Royce модели со отворен кров. Со материјали како дрво, полирам алуминум и најквалитетна кожа. Cameo е репрезентација на вниманието кон деталите, по кои е препознатлив овој бренд.
Уникатен концепт
Овој занаетчиски проект е дизајниран за самостојно составување. Комплетот вклучува;
Каросерија изработена од храстово дрво
Школка од полиран алуминиум
Самонивелирачки тркала со автентични капачиња
Прецизно 3D – испечен ентериер со кожа идентична на онаа во вистинските модели.
Cameo не заборава на својот возач – минијатурна фигура со алуминиумско куќиште и кожна капа.
Иако е далеку од практичен автомобил, Cameo ја доловува есенцијата на брендот. Со почетна цена од 5243 евра, овој модел нуди уникатна шанса да се стане дел од легендата на Rolls-Royce – во мапа, но беспрекорна форма.
Cameo не само модел – тоа е луксуз што го создавате самите.