1.Животот не застанува тука!
2.Недостатокот на сон не е измислица!
3.Одговорноста е голема, а љубовта уште повеќе!
4.Не заборавајте на хуморот!
5.На мајката и треба мајка, не само список од бебешки реквизити!
6.Мажите го немаат истиот инстинкт како и жените! Ви се чини ненормално, ама изгледа е!
7.Секое дете мора да „крени“ температура и мора да поминете низ грип! И тоа ќе помине!
8.Децата знаат да беснеат без причина! Тоа им е работа! Деца се! Никаде не грешите!
9.Од пред време резервирајте си време за себе. Еден час во денот без никого. Соопштете му го ова на партнерот и подгответе ја оваа агенда која пред детето веројатно ви се чини едноставен процес! Но, тој час во денот ќе ви се чини како најголем луксуз!
10.Во ред е куќата да е неуредна и расфрланите играчки да се составен дел од самата „декорација“ на ентериерот! А во целиот неред, запомнете: Не сте вие во хаос, куќата е! Па што и ако е?! И тоа не е страшно! А најмалку што тогаш ви треба е дополнителна драма!
11.Бидете свесни дека на свет носите душа! Од вас доаѓа тоа мало преслатко суштество! Одете чекор по чекор до главната цел, да направите ЧОВЕК од таа душа!
12.Ќе ви се плачи! Нормално е! Бањата е секогаш добра опција!
13.Фотографиите од рекламите каде бебињата се насмеани, а мајките прерадосни кога им менуваат пелена се голема ЛАГА! Реалноста е дека оваа борба е потешка од борба со кит!
14.Секој има се да каже! Ако е облечено, зошто е облечено. А ако не, уф…си требала да го облечеш!
15.Не сте немајка ако постојано не сте ангажирани во кујната и не подготвувате феноменални и здрави рецепти со авокадо, чија семе или хумус. Вегетата е составен дел од животот! Соочете се со тој факт!
16.На Балканот е нормално, пред вас да му дадат за прв пат храна бабите. Без стрес. Секако, тоа може да биде, чоколадо, мед, јајце… Па дури и грав! На бабите тоа им е нормално. Па нели раѓале во штали! Простете им. Ќе се преживее и тоа!
17.Не! Нема да ве разберат луѓето! Понекогаш и ќе ви судат! Но, не им се лутете! Секој си има свои убедувања! Нивно, е да ви кажат, ваше е да си имате свои правила иако им климате со главата. Па… И сите совети не се за прифаќање!