На плажата Плоче кај Будва, морето донесе сензација – риба која изгледа како од стакло! Видеото од оваа мистериja веднаш заврши на Instagram, предизвикувајќи фасцинација и неверување кај илјадници корисници.
Станува збор за Salpa maxima – ретка, желатинска риба која личи на суштество од научнофантастичен филм! Живее длабоко во морето, а речиси никогаш не се појавува толку блиску до брегот, особено не на обалите на Адријатското Море (помеѓу Италија и Балканскиот Полуостров). Затоа и нејзиното појавување предизвика толкаво внимание, токму тука: на плажата Плоче кај Будва.
Што е Salpa maxima?
Salpa maxima не е обична риба – колонијален организам составен од повеќе поединечни единки кои функционираат како едно цело. Се движи така што го контрахира телото и филтрира вода, со што се храни со планктони и микроскопски алги. И покрај нејзиниот вонземјански изглед – таа е целосно безопасна за луѓето.
Интересно е тоа што нејзиното провидно тело служи како природна камуфлажа – го отежнува нејзиното забележување од страна на грабливците. Присуството на оваа риба, според морските биолози, е показател дека водата во тој регион е кристално чиста и еколошки здрава.
Морето сè уште крие чуда
Снимката од Плоче е уште еден доказ дека морето крие магија што сè уште не сме ја откриле. И токму ваквите моменти – кога ќе налетате на провидна риба како од друг свет – не потсетуваат колку е важно да ја зачуваме природата.
Провидната риба Salpa maxima на плажата кај Будва – Црна Гора, е уште една потврда дека морето зборува, само треба да го слушнеме.