Холивуд полудува или тоа е само уште еден светски тренд кој секако доаѓа и кај нас. Но, дали тие популарни навики доаѓаат кај нас со брзина на свертлината е малку диксутабилно…Сепак, не сме тука да дискутираме за трендовите или пак да им судиме, туку за малку сочни трачеви. Па не е на одмет нели?
Имено, Рене Зелвегер се свршила со своето момче Ант Анстед. Актерката (54), која е во врска со британскиот водител (44) од 2021 година, наводно им кажала на пријателите дека планира свадба по тајна свршувачка, пишува The US Sun.
Ѕвездата на Бриџит Џонс претходно беше во брак со кантри ѕвездата Кени Чесним , само четири месеци, а бракот заврши во 2005 година. Пред нејзиниот краткотраен брачен обид, познатата актерка беше накратко свршена со Џим Кери од 1999 до 2000 година. А тука не завршува нејзиниот љубовен ролеркостер.
Дополнително, добитничката на Златен глобус беше во романтична врска и со актерот Бредли Купер, по средбата на сетот на нивниот филм „Случај 39“ во 2009 година. Таа и деветкратниот кандидат за Оскар поттикнаа гласини за свршувачка за време на нивната романса, но на крајот се разделија во 2011 година.
Како и да е, сега Рене конечно ја „најде“ сродната душа…Или…барем така се шушка низ Холивуд. Но, како што рековме трендовите брзо се менуваат…