Раја Ампат- Сокриено скапоцено богатство на Пацификот

raja ampat

Светот изобилува со егозитични места, екстравагантност која само природата може да ја создаде. Потоа те инспирираат тие места и креираат нов човек од тебе кој како одново да се раѓа.

Во продолжение прочитајте за уште една дестинација која одново ќе ве инспирира. Барем ако не нешто друго…Ни останува да фантазираме и секако да веруваме дека можеби еден ден…Ќе пливаме во тиркизот и ова нетипично место.

Егзотичниот али Раја Ампат е лоциран покрај западниот врв Папуе. Oбвиткан со кристално чисто тиркизно море , бели песочни плажи и бујна и неодоливо- зелена шума, индонезискиот остров е домот на најнеобичните морски животни на Земјата, вклучувајќи прелу 1500 врсти на риби и 700 врсти на корали. Патниците што доаѓаат на овој остров уживаат во пловидбата со брод околу островот со воодушевувачки поглед кон величенствените прашуми.


За сите оние кои се во потрага по авантура, Раја Ампат е рај за „нуркање во тиркизните води.“ Шарени корални гребени и уникатни морски врсти ви го зголемуваат нивото на адреналин како никаде на друго место.

Овој остров е уште една егзотична приказна за оние кои сакаат да пополнат уште една страна од својот патувачки дневник и да се разбудат на уште едно необично емсто.