Маникирот не е само уметност. Тоа е чин на грижа и самопосветеност. Допринесува за кежуал елеганција и самопочит. Истовремено создава респект од гледиште на сопруг, колега, сосед, пријател. На било кое друго својство на рацио-емотивна врзаност и деловна трансакциска врска.
Токму тука, во Queen of NAILS – ALEXANDRA, во светот на маникирот, секоја боја, секој детал и секој „плус“ кон убавината на нашите раце, е израз на креативност и индивидуалност.
Отворете ја вратата кон светот на бои и текстури. Вратата каде што својата лична приказна ќе можете да ја прераскажувате преку нежниот допир на прстите.
А кога оттука ќе излезете, каде сѐ не ќе остават свој печат тие убави и негувани прсти со кристално-порцелански сјај на ноктите.
И невозможно е да поминат на отворен простор или пак во затворена просторија, без да се регистрираат како трајна меморија. Вон-сериска благодарност ќе се чита на секој нокт од вашите прсти. Додека топло се ракуваат при секој вообичаен поздрав во денот.
Queen oof Nails – Alexandra – Дозволете им на вашиот маникир да биде огледало на вашиот стил, инспириран од последните модни трендови и имагинација во недоглед. Овде, изборот на боја и дизајн со потегот на четката, создава уметничко дело. Во светот на маникирот, секој момент се преобликува во убавина, поубава од претходната. Вашиот стил станува приказна која дури и секојдневието го прави празнично, елегантно и софистицирано.
Нека вашиот избор на боја и дизајн создаде простор на уникатнa приказна што се креира само во Qween of Nails – Alexandra.