Queen of nails Alexandra – Местото каде маникирот станува уметност!
Редовниот маникир значи уредност, хигиена, принцип кој ja следи убавината. А таа, од своја страна е карактеристика на модерните и софистицирани дами.
Една негувана жена знае дека рацете откриваат приказни. Нежниот допир на прстите и маникирот знае да раскаже тајни. Што се крие зад завесата и која е мистериозната девојка.
Мојот прв впечаток, кога влегов во овој салон за убавина, беше дека се наоѓам во едно креативно катче. Место кое совршено се вклопува во духот на битолската чаршија, затоа што е полно со позитивна енергија. Енергија и ритам, импулс, живот во кој убавината е предмет на овој сторителинг. И откако Александра, сопственичката на уредно спакуваниот „ентериер“, културно ќе ве поздрави, ќе го пиете најслаткото кафе додека таа ги слуша вашите желби. И не ни требашe многу за да се разбереме со поглед. Tаа веднаш знаеше KAKO. Мајсторијата е во скромноста, насмевката и секако талентот кој со посебен фокус кон она што сте го посакале ќе создаде волшепство. Токму онакво како што сте го замислувале.
Имено, препаратите со кои работи модниот салон Queen of nails, имаат врвен квалитет. Познати брендови на козметика и облик на ноктот токму според вашата визија. Ова е битолско студио на уште еден талентиран млад човек со револуционерен концепт и место во кое убавината знае да ги редефинира границите, ги поместува модните апетити создавајќи простор кој гласно акцентира: Маникирот е уметност.
Во продолжение погледнете неколку идеи за совршен маникир кои ни доаѓаат од нашите пријатели и виртузот на модниот салон Queen of nails Alexandra.