Елеганцијата е убавина која никогаш не старее.
Секоја дама заслужува да е центар на внимание. Дозволете си го тоа време во кое најпрво сами ќе го создадете тој рај на сетилата. А потоа отворете ја вратата на „Queen of nails-Аlexandra“ и секако…не заборавајте на деталите. Негуваните раце и маникирот се огледало на душата. Рацете знаат да соопштат приказна. Нека биде тоа приказна на една негувана дама со фокус кон себе си и посветено време за нега.
„Queen of nails-Аlexandra“ следи највисоки стандарди за квалитет при изборот на услуги и препарати за потребниот маникир. Ќе се изненадите од позитивната енергија, пријатниот амбиент и соработката на Александра со своите клиенти. Вашата желба е нејзина заповед, а лично, навистина се чудам како таа знае да ги прочита мислите.
Од визија и малa идеја до совршен маникир.
Дозволете си луксуз и професионален маникир. Затоа што елеганцијата е убавина која никогаш не старее.