Пу, пу, скраја да е, ама ако ги изгубите пасошот и парите додека сте на одмор, не паничете! Вашиот водич за паника со стил ве советува да не ги споделувате плановите за одмор на социјалните мрежи. Лесно може да видат кога ќе бидете далеку од дома.
Превенција пред да ги изгубите парите или пасошот
Бидете внимателни во врска со користењето на јавните WI-Fi мрежи. Иако бесплатните WI-Fi мрежи се одлични, пожелно е да избегнувате да си ја проверувате вашата банкарска сметка додека го користите бесплатниот интернет од хотелите, кафулињата и рестораните. Многу јавни WI-Fi мрежи не се безбедни, а тоа им оди во прилог на крадците.
Размислете што ќе правите на вашиот лаптоп додека патувате со авион или автобус. Со ограничен личен простор во јавниот превоз, човекот кој патува до вас, многу лесно може да ги ѕирне вашите лични податоци или пријатели.
Некои летни дестинации се познати по крадците кои крадат новчаници на туристи. Ако вашиот паричник е изгубен или украден додека патувате, веднаш алармирајте и известете ги издавачите на картичките. Најлесен начин за да се заштитите е да изнајмите сеф во самото хотелско сместување за вашиот паричник
Чувајте копии од вашите кредитни картички и пасош на безбедно место. Може тоа да биде заклучен куфер. Ова е особено важно доколку вашите информации се компромитирани. Познавањето на бројот на кредитните картички им помага на банките или издавачите на картички побрзо да ги заштитата вашите податоци.
Ако ги изгубите парите и пасошот, „не дај Боже“, прочитајте ги овие препораки:
Оневозможете кражба на идентитетот. Соодветно шифрирајте ги личните податоци и користете двојна автентификација (потврдување на личноста) за сигурност.
Известете ги локалните власти: најпрво пријавете ја загубата на пасошот и документите за приватност на местната полициска станица.
Контактирајте ја конзуларната служба; конзуларниот службеник ќе ви помогне со враќањето дома.
Освен тоа, овозможете редовни резервни копии на важните документи и информации и користете ја двојната автентификација за дополнителна заштита на вашите лични податоци.
Известете ја вашата банка за загубата на парите за да ги блокирате и заштитите од недозволени трансакции.
Користете ја апликацијата на банката и системите за двојна автентификација за доолнителна безбедност на вашите финансиски трансакции.
Прегледајте ги вашите кредитни извештаи и известете ги биројата за кредит за можно недозволени активности.
И така, пу, пу, скраја да е, да не тргни чоек по овие патишта. Не дај Боже! Дури тогаш попара ќе биди работата. Мене не ми е баш јасно од кај да почнам ако се случи вакво нешто! Ете ти го водичот за паника со стил!