Психолозите немаат пронајдено убедливи докази дека спротивностите се привлекуваат.
Ретроспективно, почнувајќи од 1903 година. Истражувањата на психолозите покажуваат дека „луѓето кои се слични завршуваат заедно“, а оттука дали ова значи дека спротивностите не се привлекуваат? Оваа констатација ја нотирала Тања Хорвиќ- автор и докторски кандидат од психологија. Таа анализирала повеќе од 130 особини на личности. Она до што дошла како заклучок е: помеѓу 82% и 89% на анализираните особини, партнерите биле повеќе слични отколку различни.
Истражувањето на психолозите имплицира и друга констатација: Луѓето кои се блиску до верските убедувања како и до политичките и луѓето кои имаат подеднакво ниво на образование и донекаде идентично ниво на поседување интелигенција, се сосема компатибилни како партнери. Во спротивно, отсуствува интеракција.
Ако овие заклучоци би се пресликале во генетиката или она што значи репродукција, или поинаку, ако висок партнер има висока партнерка или пак низок партнер има ниска партнерка, тогаш наредните генерации ќе имаат екстремна висина. Ова не се однесува само на физичко ниво на особини. Се однесува и на психичко, медицинско ниво.
Истражувањето на Хорват покажа дека личните врски со меѓусебни сличности, ненамерно можат да влијаат на идната генетика.
Сепак, дали навистина одлучуваат психолозите?Дали спротивностите се привлекуваат и дали е истото толку важно, одлучувате вие!