Сарказмот е знак за здрав мозок – Интересни психолошки факти за човековото однесување

интересни факти за човечкиот мозок

Со преку 86 милијарди неврони, 2,5 милиони гигабајти меморија и преку 50.000 мисли дневно, човечкиот мозок е навистина зачудувачки. Еве неколку психолошки факти за човекот и неговиот мозок кои ќе ве натераат да размислите.

Некои луѓе го живеат животот како да се во реално ТВ шоу, раскажува еден од тие психолошки факти за човекот

Труман синдром навистина постои. Пациентите со ова ментално растројство веруваат дека тие се навистина ѕвезди на реално ТВ шоу, исто како и во филмот.

Сè што кажува вашиот ум има реакција на вашето тело

Ова е причината зошто големите количини на негативни емоции и песимистичко расположение, завршува со рушење на вашиот имунолошки систем и прави да се чувствувате лошо.

Солзите укажуваат на причината за плачење

солзите укажуваат на

Ако првата солза дојде од десното око, лицето плаче солзи радосници. Во спротивно, лицето плаче од болка.

Ако всушност имате план Б, само ќе ја направи помала веројатноста за успех на планот А

После спроведувањето на низа експерименти на универзитетот во Пенсилванија се докажало дека постоењето на план Б, не му е потребно на човечкиот мозок. Имено, тие откриле дека волонтерите кои подготвиле резервен план пред да започнат со задачата, поминале далеку полошо од оние кои немале друга опција или ас во џебот.

Сарказмот е знак за здрав мозок

Оние кои употребуваат сарказам и нивниот стил е всушност до некаде неподносив за околината, секогаш имаат одговор на тривијални прашања. Психолозите, според ова, тврдат дека овие луѓе имаат здрав ум. Оние кои добро го разбираат цинизмот, се добри и во читањето на мислите на луѓето.

Стравот е навистина добро чувство доколку не сте во вистинска опасност

хорор филмовите ви даваат адреналин, допамин и ендорфин

Факт е дека постојат луѓе кои навистина пасионизирано гледаат хорор филмови и на стравот гледаат како доживување, необично и убаво искуство…адреналин. Разликата помеѓу оние кои сакаат страшни филмови и они кои немаат љубов кон истите, е во хормоните. Ваквите активности ви даваат адреналин, допамин и ендорфин од одговорот на борба или бегство. Сепак, вашиот мозок знае дека не сте во вистинска опасност, па сепак го добивате тоа природно ниво на хормонот, и покрај тоа колку се чувствувате исплашени.

Некои луѓе се плашат да се чувствуваат премногу среќни

Некои веруваат дека после дождот доаѓа сонце, но некои живеат во константен страв поради појавувањето на тоа сонце, после кое сметаат дека ќе има силна бура. Ова е поради стравот од моделот дека нешто трагично може да се случи следно.

Да се ​​биде осамен е полошо за вашето здравје отколку што мислите

осаменост

Студијата на Универзитетот Харвард открила врска помеѓу екстремната осаменост и нивото на протеините кои ја згрутчуваат крвта одговорни за мозочни удари и срцеви удари. Со други зборови, недостатокот на блиски луѓе може да го има истиот смртоносен ефект како и пушењето.

Има причина зошто песната ви е омилена

Не се работи само за текстот или мелодијата, туку затоа што таа песна ја поврзувате со некој емотивен настан во вашиот живот.

Има психолошка причина зошто сте почувствувале дека вашиот телефон вибрира кога всушност нема известување

Фантомски вибрации е терминот кој ја опишува оваа состојба или синдром, а од него страдаат неверојатни 68% од населението.