„На шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе…“ – Искористувајќи го познатиот стих од ,,Умилкување” на великанот на македонската поезија Петре.М. Андреевски, за миг ги средивме мислите, впечатоците од сé она што сме го поминале, од сé она што сме го турнале, не турнале, сме го затвориле, не затвориле, се обиделе…Колку и да не знаеме за сонцето, знаеме дека изгрева од овде!
На една виртуелна прошетка низ интернетот, наидовме на едни интересни факти, кои не натераа повторно да се вратиме кон она наше, кон она кое го претсавуваме, не претсавува, го сакaме и не сака. И макар колку и да сме го губеле или добивале, колку и да не губело и молело, секогаш има нешто кое се нарекува љубов. Љубов кон ова парче земја и не за џабе нарекувано срцето на светот.
1.Македонија го има единственото наоѓалиште на рубин. Рубин во Македонија постои и може да се најде во наоѓалиштата на доломитските мермери.
2.Македонскиот рудник Алшар на планината Кожуф е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален рудник на еколошка енергија. Од 2004 година, рудникот е регистриран како природен споменик и дел од мрежата на Емералд за заштита на природните реткости.
3.Најпознатиот од сите римски патишта оди во поголемиот дел низ Македонија, патот Вија Егнација.
4.Пештерата Пешна во Македонски Брод е опишана во Њујорк Тајмс како идентична со измислените пештери во „Господарот на прстените.“
5.Во темелите на манастирот „Света Богородица Пречиста“ – Кичевско има дел од крстот на кој бил распнат Исус Христос . Дел од крстот има и во темелите на „Свети Јован Бигорски “ како и во манастирот „ Свети Георгиј Победоносец“ во с. Рајчица , Дебарско.
6.Гробот на познатиот Грк Зорба е на гратските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба бил инспирација за романот „Гркот Зорба “ кој живеел со семејството во Скопје , починал во 1942 година.
7.За татко на модерното воено инженерство се смета Диад кој во времето на Александар Македонски измислил серија опсадни машини меѓу кои и акапултот.
8.Музиката во Македонија датира од 11от век.
9.„Болоњскиот псалтир“ познат како „Рамнененски средновековен псалтир“ е пишуван во с. Рамне во близина на градот Охрид и се вбројува во битолското ракописно наследство од причина што се смета дека во Битола се користел овој псалтир.
10.Во Охридскиот музеј се чуваат музички писма од 14 музички ракописи кои датираат од 10 до 14 век.
11.Најстарото дрво во Македонија – Platanus Orientalis во Охрид е познато како ЧИНАРОТ. Расте уште од времето на св.Климент-9ти век.
12.Во манастирот св. Георгиј Победоносец се прават митри-одежди кои ги носеле дури и патријархот Ерусалимски и вселенскиот патријарх Вартоломеј.
13.Првиот светски златен медал им припаднал на македонските фотографи -браќа Манаќи-1905 година. Браќата Милтон и Јанаки Манаки отворија ново „Студио за уметничка фотографија “ во Битола и учествуваа на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја во 1906 година каде го освоија првото место и златен медал за нивната фотографска колекција.
14.Во Скопје животот трае непрекинато 7000 до 8000 години . Доказ е неолитското тумбе во Чаир , неолитското тумбе во Маџари и неолитската населба на Скопското Кале.
15.Во Скопје е изградена првата зоолошка градина на Балканот.
16. 120те „КАМЕНИ КУКЛИ“ во Куклица кај Кратово се стари 10 милиони години.
17. .Еден од преживеаните на Титаник е Македонец-Стојко Додоловски од село Чучер-Скопска Црна Гора .
18.Според НАСА , КОКИНО е четврт на листата на најстари опсерватории во светот .
19.Македонија има најдлабоко езеро на Балканот-Охридско Езеро . Неговата геолошка старост се проценува на околу 3 милиони години и како такво, најстаро во Европа. Има 200 ендемични видови кои се од светско значење.
20.Првата пруга на Балканот, Солун-Скопје е изградена во 19 веk.