„Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“ – Докажано

срам

Психоанализа на глупоста – Фројдовиот пристап врз човечката психологија потенцира: „Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“

Оваа мудра изјава која е актуелна и денес, ја остави Зигмунд Фројд. Имено, за потсетување, Зигмунд Фројд е австриски невролог и психијатарот кој остави значаен придонес во областа на психоанализата. Изреката, „Првиот знак на човечката глупост е целосното отсуство на срам“, потсетува дека срамот е потребен елемент во човековата моралност и социјална свест. Кога некој нема срам, се изразува себеси со неодговорност или ароганција, не земајќи ги во предвид последиците на своите постапки.

срам

Од Фројдова перспектива, кога сте соочени со такви луѓе, е важно да ги препознаете и да не се вовлекувате во нивната игра… Наместо тоа, треба да се „игра“ паметно. Употребете стратегија во вашето однесување. Иако можеби имате желба да им помогнете или да ги разубедите, не треба да се залагате во бескрајни дебати или да ги понижувате.

Понекогаш, луѓето просто не сакаат да ги прифатат сопствените грешки, за жал!

Разговорот со нив може да биде корисен доколку се обавува со разум. Не го жртвувајте своето достоинство и своите принципи и не ги компромитирајте своите стандарди. Не се „покажувајте“ како луѓе кои потпаѓаат под влијание, само за да им угодите.