Дали сте емоционално зрели? – Еве што вели Фројд

Дали сте емоционално зрели? - Еве што вели Фројд

Клучни карактеристики на луѓето кои достигнале емоционална зрелост-Според Фројд

Зигмунд Фројд, на далеку познатиот австриски психијатар, нагласува дека единствената валидна основа за мерење на зрелоста е споредувањето на она што ќе рече „што сме биле вчера и што сме денес.“ Во таа смисла, секој од нас го носи минатото со себе со единствена цел, да биде подобар утре.

Во прилог на ова, убаво разлистајте ги синтагмите кои следат подолу и истите помагаат да се одреди нивото на емоционална зрелост.

– Способност за прифаќање на конструктивна критика

– Клучот е да може да се соочи со вистината за сопствените силни и слаби страни, избегнувајќи негирање на проблемите

– Способност на прилагодување на промените

– Емоционалната зрелост се манифестира во способноста на прилагодување на животните промени, дури и кога тие предизвикуваат стрес

Фројд емотивна интелегенција

– Имунитет на стрес

– Отпорноста на стрес директно влијае на менталното и физичкото здравје , покажувајќи го нивото на емоционална зрелост

– Способност  не само да се прима, туку и да се даде

– Среќата често се поврзува со способноста да се поддржуваат другите, додека себичноста и зависта често се поврзуваат со примањето

– Способност да се справи со луѓе со разбирање

– Градењето односи се заснова на љубов и почит, а тоа се клучните моменти на хармоничен живот

– Способност да се пренасочи негативната енергија во конструктивна насока

– Важно е да научите да ги насочувате вашите негативни емоции кон конструктивни цели наместо да ги држите внатре

– Капацитет на љубов

– Љубовта е сила која има моќ на трансформација, а способноста за изразување и примање љубов укажува на високо ниво на емоционална зрелост

„Разбуди се“ верува дека вашата констатација на проценка на сопствената емоционална зрелост според синтагмите на Фројд е искрена и реална. Тоа ви овозможува да бидете „подобра верзија од себе“ во иднина. Во спротивно, почнете од почеток. Секогаш постои „сега и овде“ за корекција на сопствените маани за – утре да бидете најдобрата верзија од себеси. 

Извор