Првиот летечки автомобил во светот доби европски сертификат! Некогаш само во фантазиите и научната фантастика, а денес – реалност!
Холандската компанија PAL – V со гордост објави дека нивниот летечки автомобил, Liberty го доби долгоочекуваниот европски сертификат за безбедност откако четири години минуваше низ ригорозни проверки.
Liberty е сосема спремен за возење со елегантен и футуристички дизајн што потсетува на мешавина меѓу хеликоптер и трицкл. Овој автомобил има пропелер над покривот и може да развие брзина до 160 километри на час со 100 – коњски мотор.
Но, вистинската моќ на првиот летечки автомобил се открива кога ќе премине во летечки мод.
Со посилен мотор, возилото може да се искачи до 3 350 метри над земјата… Да летне со брзина од 180 км/ч, достигнувајќи автономија од дури 500 километри. Процесот на трансформација трае само 5 минути додека за полетување му е потребна писта од 180 метри.
Бенефити и идни перспективи
Овој иновациски проект нуди нова димензија на транспортот. Истовремено нуди и потенцијал за за решавање на проблемите со сообраќајните гужви во урбаните средини. Со Liberty, патниците можат да уживаат во слобода и мобилност без претходно искуство за пилотирање.
Покрај тоа, возилото е дизајнирано со фокус на безбедноста и удобноста на патниците како идеален избор за оние кои сакаат да го истражуваат светот од воздухот. А истовремено да останат во удобноста на сопствениот автомобил.
Светот на летечките автомобили е тука и тоа е само почеток! Со развојот на технологијата и иновациите, Liberty претставува значаен чекор кон иднината на мобилноста. Во следните години очекуваме да видиме повеќе модели кои ќе ги промовираат летечките автомобили како практичен и ефикасен начин на транспорт. Кој знае, можеби наскоро ќе станеме сведоци на ера во која летечките автомобили стануваат секојдневие, а не само дел од научната фантастика.
Погледнете го видеото и уверете се во иновацијата што се подготвува да го освои небото!
Извор