Зошто да простуваме, што значи тоа?
Изборот е наш. Треба ли да се простува? Зошто да простам и што простуваме?
Клаудија Лутовска
„Дај ми ги сите грижи мене“- се обраќа Исус… „Кога ќе ги победиш сите драгони- почнуваш да живееш“, велат будистите. Многу животни филозофии се базираат на смиреност. На душевен спокој, ширење на љубов и разбирање, започнувајќи од себе си, кон останатиот дел од светот.
Еден свештеник, методист рече:
„Kога купувате машина за перење, нели прво го читате упатството за употреба“.
…И вели: „Нам, на луѓето ни е даден прирачник за среќен живот, зошто не го применуваме?“.
Сите вери и животни филозофии се базираат на доброчинителство, на смиреност и свесност. Гледаме долговечни луѓе, кои проживеале 80 дури и над 90 години, кој е клучот за нивниот долг здрав живот. А ако ги прашате да ви раскажат како го проживеале животот, и нивните приказни се не така лесни, исполнети се со загуби, со тешкотии, со премережја. Но, додека разговарате старецот е насмеан, и смирен. Тоа ли е клучот за долговечноста?
Изумителот на Нутела, Микеле Фереро живеше 89 години, а изумителот на модерните диети и здрав животен стил Мишел Монтињак живееше 66 години. Да за здравиот начин на исхрана, да за постот, но, каде е духот и менталното здравје додека се грижиме за физичкото?
Бидејќи деновиве е „Прочка“ денот кој треба да не потсети да простиме, да простам, да го видиме сопствениот избор кој го правиме, дали простуваме?
Во последно време може да се види како родителите и децата се разделени поради лутина, браќата и сестрите не разговараат и не се дружат, и се повеќе ја нема силата на семејството. Можеме секојдневно да сретнеме гневни луѓе кои не можат да ја задржат својата лутина и нервоза, и насекаде се развикуваат, има големо не трпение, шпекулации, револт. Кога истиот тој гневен човек го запрашате зошто? Тој има илјадници не реални аргументи за својот гнев. Гневот е дел од неговото утро, цел ден го поминува во гнев, па дури и таков заминува на спиење. И тоа се повторува.
Ана беше девојка која си го одржуваше зборот, но и се вршеше притисок од нерелани причини да заврши работа кој беше невозможно да се направи во краток рок, под притисок, пред рокот кој беше договорен. На останокот шефот ја изнаувреди, стана од масата и замина во голема лутина. Ана не реагираше на таквата реакција, само рече, „човекот си има мака“. Го испочитува рокот, работата се заврши и не го наруши односот со шефот. Само му се обрати „шефе околностите направија да се вознемирите, баш ми е жал“. Ана го продолжи својот професионален пат, со шефот комуникацијата не се наруши. Таа вeќе има разработени карактерни механизми за справување во проблематични ситуации, едноставно знае да простува…
Кога човек ја има контролата, свесноста и големината на разбирањето, полесно простува. Тогаш значи ли ова дека човекот кој простува е по мудар? Научил ли по смирено да живее? Или научил ли да се почитува себе си, и да се сака себе си на добар начин. Во основата на простувањето е да се воспостави сопствениот духовен мир, а потоа да се донесе одлука како ќе се продолжи да се комуницира со „штетникот“. Ќе го прифатиме таков каков што е, ќе го контролираме нашиот однос или едноставно ќе го оставиме на неговиот пат, а ние ќе си продолжиме на нашиот.
И се поставува прашањето, кој е механизмот за простување? На кој начин да го смириме делот кој ни го повредиле, кој се налутил, повредил? И повторно, како и пред некое време кога пушував за среќата, на видлина доаѓа емоционалната зрелост, дали научивме да ги контролираме емоциите? Дали научивме кои сме или кои сакаме а бидеме? Дали воспоставивме релација со самите себе и сопствената зрелост? Патуваме ли емотивно кон висока свесност и мудрост на постоењето и нашиот живот? Или многу едноставно, кога ќе се погледнеме во огледало го сакаме нашето лице во грч и лутина, или сакаме да се видиме и да си се смешкаме?
Воспоставувањето на сопствен ред, и спознанието кој сум јас пред себе си, патува кон околината. Така ги добиваме етикетите кои се наши животни печати, за кои ни се суди или слави. Работејќи на себе си, и на сопственото делување, во суштина рабитиме и кон сите останати во нашето опкружување. Гневен човек навлекува гнев. Човек кој простил и воспоставил контрола над ситуацијата, може да навлече гнев, но тој гнев останува на другата страна, а добриот човек е како ѕид со темел од кој тој гнев само ќе се одбие. Поголемиот дел од оклината ќе воспостави почит кон големината на оној кој ја покажал.
Ќе го направиме ли вистинскиот избор? Ќе одлучиме ли да простуваме?