Приказната зад 1 Мај: Историски факт за Денот кога достоинството стана злосторство

Приказната зад 1 Мај – Денот кога достоинството стана злосторство. Ова не е метафора, туку историски факт. Во 1886 година, работници беа обесени затоа што побараа фер услови за работа. Денес, под чадот од скарата, нивната жртва е заборавена. Ова не беше ден за глума – туку за будење.

Приказната зад 1 Мај: ден кога некој умрел за ти да не молчиш.
„Денес глумиш среќа со скара, а утре ќе молчиш за плата. И ако се чудиш зошто ваков наслов носи оваа колумна, ете затоа.“

Во 1886 година, во Чикаго, четворица работници беа обесени не затоа што направиле кривично дело, туку затоа што побарале: осум часа работа, осум часа одмор, осум часа живот. Тоа беше денот кога достоинството стана злосторство. И тој ден не смее да се заборави.

историски факт за 1 мај

А што е со повеќето од работниците денес?
Работиме ли,, 8″ часа или можеби и повеќе? За минималец. Со договор како од автомат, не од човек. Без глас. Прашувањето за плата е „бунт“, и секое барање е „непристојност“. Глумиме среќа со пивце и скара, додека достоинството ни се топи како маргарин на сонце.

„Работиш за да живееш, а потоа живееш само за да одиш пак на работа.“
— Чарлс Буковски

1 Мај не е ден за глума.
На вчерашниот ден требаше да се запрашаме:
Зошто молчиме?
Зошто прифаќаме?
Зошто заборавивме дека трудот вреди достоинство, а не само преживување?

Ако некој умираше за овој ден, најмалку што можеме е – да не заборавиме зошто.

[post_tags]