За убав ден – Преслатко и урнебесно видео!
На интернет се достапни видеа од секоја категорија. Загрижувачка е состојбата за тоа што се гледаат нашите деца. Нема предупредување, нема цензура. Кон што сѐ имаат пристап. Но, колку и да го обвинуваме интернетот, факт е дека не можеме да се вратиме назад и мораме да најдеме начин да се прилагодиме на трендовите.
…А оној кој ќе рече дека телефонот не е достапен за неговот дете, хммм… Не е за верување.
Размислувајќи околу тоа прашање, дојдовме до идеја да креираме една урнебесна приказна. Имено станува збор за екипа на млади дечиња кои преку хумористични видеа ќе ги насмеат и возрасните и децата. На нивни автентичен начин, децата преку преслатко видео пренесуваат порака до возрасните и всушност ги емитираат нив. Секако (малку латентно), време е да се препознаеме во нив…. Како децата не доживуваат нас? И што тие очекуваат во овој свет.
Нашата цел е да примамиме насмевка. Барем за миг да ве направиме среќни преку играта на овие млади господа и дама. Но, освен тоа да ги поттикнеме и родителите. Време е да ги вратиме вистинските вредности и да ја развиеме креативноста. Дозволете им да си играат, да ја развијат фантазијата. Само дајте им улоги и облечете им костими… Резултатот е феноменален, а забавата неизбежна. Ок, ќе има и малку викање за време на сетот… Но, тоа е работен процес нели?
За убав ден едно преслатко видео од нашата екипа (што патем сама си го даде името): „Stay positive“! Погледнете ТУКА или подолу во текстот.