Зимска идила, а вие во топло со жежок чај пред прозорецот.. Во удобна фотелја со добра книга како финиш за успешниот работен ден…Наш предлог книга : „Сè што син ми треба да знае за светот“ од Фредрик Бакман.
„Можеш да бидеш што сакаш, ама тоа не е ни приближно важно како тоа да знаеш дека можеш да бидеш тоа што веќе си.“
Страниците од нашиот предлог книга, содржат длабоко обраќање на најодговорното животно искуство на секој маж, а тоа е татковството.
Бакман дава суптилен увид во односот меѓу татковците и синовите.
Поучен од сопственото искуство и обраќајќи се директно на своето дете, таткото ги разгледува алатките. Алатките што ќе му бидат потребни на неговиот син за да се снајде во светот.
Всушност, оваа книга е прирачник за малите и големи животни лекции со подеднакво значење. Синот треба да знае како да излезе накрај со љубовта. Но треба да знае и како се монтира парче мебел од ИКЕА. Ама има уште нешто многу поважно да дознае. А тоа е -зошто таткото понекогаш ќе му ја стега дланката поцврсто од обично и зошто ќе го тапка по рамото, безброј пати.
Извор за описот