ВИДЕО: Хакнати роботски правосмукалки – Домаќинките во паника!

правосмукалки

Епа и од вештачката интелигенција изгледа има поинтелигентни. Во САД деновиве домаќинките се во паника. Веројатно се стравува од враќање кон традиционалниот пристап кон чистењето. Причината е што роботски правосмукалки почнале да зборуваат и да „вреѓаат“. Тие биле хакирани за неколку дена, како што пренесува ABC News. Натрапниците не само што ги контролирале во движењето правосмукалките туку ги користеле и нивните звучници кажувајќи навредливи коментари и расистички пцовки.

На Ecovacs Deebot X2 пишува made in China, а токму овој модел бил нападнат. Ова несомнено беше лоша реклама за брендот кој веројатно не обрнал многу внимание на безбедносните системи и станал лесен за хакирање. Дури и ABC News, на пример, успеал да добие целосна контрола врз еден од роботите, вклучувајќи ја и камерата. Во продолжение, погледнете го видеото.