Сезона на трансформација иницира преминот на Сонцето во знакот на Шкорпија. Ракот, Лавот и Рибите ќе доживеат само позитивни промени
„Делот од октомври кој припаѓа на сезоната на Шкорпија, кој започна на 22 октомври, ќе не покани да бараме рамнотежа и хармонија во себе. Тука започнува процесот на позитивни промени и трансформација. Доколку припаѓате на некој од следните знаци, пред вас е време на позитивни промени.“ – пренесува makfax
Рак
Можеби не треба да очекувате дека се ќе биде идеално, но во секој случај следуваат позитивни промени. Луѓето кои се ваша поддршка и менторите кои знаат да ве поучат, ќе бидат тука за вас. Она што треба да го запомнете е дека во секој нов чекор кој ќе го преземете, треба да бидете одговорни. Само зрачете со позитивна аура. Ако одамна сакате да промените нешто на поубаво, тогаш употребете ја и вашата енергија за да го привлечете тоа убаво. Со тој став, можете да го промените животот… Се разбира на многу подобро.
Лав
Подгответе се за промени кои ни сами не сте ги очекувале. Конечно ќе излезат вашите внатрешни верувања, кои до сега не сте ги изразувале и сте го притискале тој внатрешен порив кој ве тера да се надевате. Со тоа овој месец ќе можете да освоите многу врвови. Важно е да се фокусирате на она најважното, а она што се предвидува е дека ќе ги оставите сите критики зад вас и ќе почувствувате слобода што ќе ви овозможи конечно постигнување на целта.
Риби
За припадниците на овој хороскопски знак, сезоната на Шкорпија ќе биде прекрасна со позитивна енергија и многу добри настани и чувства. Одново родите го детето во вас и не дозволувајте да исчезне. Секогаш кога ќе почувствувате тага и ќе дојдете до некој внатрешен револт кој ќе ве притиска да се откажете, запомнете дека вие знаете многу подобро само кога на виделина го истакнувате вашето „јас“. Слободно искажете го својот став и започнете да ги реализирате вашите соништа, кои до сега беа само некои посакувања.