Босна и Херцеговина е зафатена од катастрофални поплави кои однесоа најмалку 20 животи, а цели градови се под вода. Најтешко погодени се општините Јабланица, Коњик, Кисељак, Фојница и Крешево каде водата влезе во домови, уништи патишта и однесе автомобили.
Властите испратија хеликоптери за евакуација и спасување, а армијата е мобилизирана за помош на загрозените подрачја. Премиерката на Херцеговско – неретванскиот кантон најави максимална мобилизиција за спасување на жителите.
Состојбата е критична – патишта се непроодни, мостови срушени, а мобилните мрежи и снабдувањето со струја се прекинати. Лизгање на земјиштето дополнително ја влошува ситуацијата. Се травува дека бројот на жртви може да порасне.
За повеќе информации за поплави те во Босна, прочитајте на изворот и погледнете го видеото