Постојано како да наидувате на погрешни луѓе и имаме чувство дека живееме во погрешно време, на погрешно место. Погрешни партнери, погрешни пријатели, погрешно опкружување, роднини, погрешни моменти. Од сите наведени, само роднините не можеме да ги одбереме, но да не се лажеме понекогаш не можеме да ги одбереме и случувањата или склопот на околности.
Живееме ли во погрешно време и на погрешно место?
Но, кој е виновен за сето тоа ,,погрешно”. Кој е оној кој всушност треба да го одберете? Кое е тоа место и кое е тоа време?
Тоа сте самите вие, а погрешниот момент е што сте измислиле и креирале погрешно его кое секогаш мисли или е уверено дека се наоѓа во токму тие погрешни моменти. За жал не можеме да го спречиме часовникот и сите во многу наврати го трошиме скапоценото време. Секој од нас како да се наоѓа во ситуации во кои според нас не сакаме да бидеме, ама ете понекогаш мораме.
И сето ова, има ли поента?
Поентата е да му веруваме на нашето присуство во секоја сдкунда. И не започнувајте со прашсња како: Зошто сум јас тука? Што треба ова нешто да ми кажи? Зошто морам да го работам ова? Како можев до овде да стигнам? Со овие прашања само се себеобвинувате и се повеќе тоните и се уверувате во тоа,, погрешно”. Наместо тоа, пробајте со уверување.,, Јас знам зошто сум тука. Знам дека ова нешто за мене ќе значи многу и дека од тука ќе ми се отвори нова врата.
Не постојат погрешни избори, места, погрешно време. Постои само погрешна насока и став кон она што го правиме.