Треба ли секогаш вие да ги „држите конците“? – Време е за промена!

прашања - време е за промена

Постојано трчаме по време, шанси, можности, сонуваме за врвот и сме упорни. Но, кога треба да застанеме или дали барем треба да се одмориме?

Колку и да негираме, стресот е неминовен кога сме комплетно посветени на една работа, но секогаш излегуваат и други обврски кои едноставно се наоѓаат на патот и мораме да ги реализираме и нив. Испаднува дека се сопнуваме и тие само ни го успоруваат темпото. Но, вреди ли секогаш да се брза?

stress

Психолозите советуваат: „Кога сте преморени, презафатени, или под голем стрес, решението е секогаш недостижно. Затоа, ослободете се од нешто. Ослободете се од многу нешта“.

Многу често се држиме за некоја работа која всушност и не е толку важна. „Залепени“ сме за некои нешта кои не мора да ги форсираме да се случат. Летниот период е одличен за ослободување од сета таа пренатрупаност. Одличен за промени, преобрзаба, ослободување, прочистување.

Rear back view ginger haired lady in straw hat enjoying summer day by sea shore. AI generative.

Колку се плашите да ги „пуштите“ некои работи? Треба ли секогаш сите работи да се во ваши конци? Треба ли секогаш да бидете вие организатор и колку грижи свои и туѓи носите на грбот?

Класифицирајте ги проблемите, насоките, случувањата. Што е она што ќе ве направи среќни во иднина кога во еден момент ќе се завртите назад и ќе се чувствувате горди на себе си? Започнете од почеток. Чувствувајте мир, спокој, удобност, без непотребни обврски и стрес. Затоа што сѐ потекнува од менталното здравје, навидум нереален проблем кој знае да не сопне на патот. Одберете ги вистинските ресурси и исчистете го умот од непотребната „облека“ во тој плакар.