Џино Сорбило ја вознемири гастрономската сцена со контроверзната пица Маргарита (pizza Margherita con Ananas)
Во срцето на италијанската гастрономија, Џино Сорбило смело влегол во битка со традиционалните вредности преку сопствената контроверзна креација – пица маргарита или Margherita con Ananas. Неговата пица со ананас предизвика вистинска револуција во Неапол и во светот, отварајќи дебата за ерес и сакрилегија.
Сорбило со вешто комбинирање на традиционални и иновативни техники, креира уникатна пица. Имено, тој го печи ананасот и додава чадено проволоне (италијанско сирење од кравјо млеко со кремаста структура и благ вкус). Сербило ги предизвикува предрасудите за храна.
#Italy is in an uproar over #pineapplepizza. You can't make this up. Gino Sorbillo, renowned Naples pizzaiolo (pizza maestro) who has added the dreaded “ananas” to his menu in Via dei Tribunali, best known pizza street in the world. Some #Italians are fed up. Source: CNN pic.twitter.com/DnVBH9OShp
— Patti Pietschmann, Globetrotting Travel Diva (@pattipietsch) January 3, 2024
Се отвораат дебати меѓу отворените умови и традиционалистите. За едните, ова е храбар чекор кон еволуцијата на гастрономијата, а за другите ова е отстапување од автентичноста. Пицата на Сорбило е покана за истражување на нови вкусови.
Рестораните во Италија се поделени меѓу иновацијата на Сорбило и лојалноста кон традиционалните вредности. Сите бараа баланс помеѓу зачувување на кулинарското наследство., пренесува Аваз.
Контраверзите се присутни како „слој над слој“ на телевизијата и социјалните мрежи. Реакциите варираат од „невкусно предавство на традицијата“ до пофалба за храброст и иновација.
Во секој случај, Margherita con Ananas и понатаму останува во центарот на вниманието на гастрономската арена.