Пирати, рум и животот во Содом од 17-от век: „Порт Ројал“
Порт Ројал во 17от век бил извонреден терен каде што се среќава вистинската суштина на пиратството. Порт Ројал, градот што го управувале пирати, бил епицентар на грев и скандал во 17от век. Познат како „најзлобниот град на земјата“ и Содом од 17от век, ова место било дом на пирати, трговци со робови.
Самите пирати, вклучувајќи ги и легендарните Капетан Морган и Калико Џек, владееле со овој град како со лична крепост. Овој град што некогаш бил мало шпанско пристаниште, се претворил во втор град по големина во светот, но и го добил префиксот – најкорумпиран.
Главниот пијалок во градот бил рум со толку висок процент на алкохол, што нечии животи завршувале со труење. Хедонизмот резултирал со изобилни трошоци на рум и телесни уживања.
Покрај лудиот животен стил, градот го зафатил и земјотрес со сила од 7, 5 степени, оставајќи го Порт Ројал во комплетна рушевина. Во таа природна катастрофа, животот го загубиле 20 000 луѓе. И тоа не е сѐ. Урагани и пожари го избришале секој знак од она што бил некогаш Порт Ројал.
Сепак, под водата , археолозите открија артефакти, заштитени од УНЕСКО. Истите се прогласуваат како „Помпеја на морето.“ Надежите на овдешните жители се во спрега со идејата дека напорите за зачувување на овие археолошки наоѓалишта ќе го стимулираат развојот на еко – туризмот.
Можеби, ќе им донесе профит, но искрено се надеваме дека нема да оживеат пиратите и нивната неконтролирана епоха на хаос! Ова место денес се стреми кон посветена и одржлива живост.