Петунија што свети во темница – нов модел на природно цвеќе

Петунија што свети во темница! Откриен е нов модел на природно цвеќе. Градините ќе светат во темница.

Замислете си вечерна градина која е обвиткана со светлина! Ова е сега е возможно благодарение на новиот вид петунија што свети во темница, создаден од американската компанија „Ligh Bio“.

Во светот на петунијата што свети

Птетунијата е веќе омилена меѓу градинарите поради нејзиниот  разнообоен цвет . Но, новиот вид петунија, наречен „Светулка петунија3 го носи градинарството на сосема ново ниво. Со гените од светлечките печурки, овие цветови добиваат флуоресцентен зеленикав сјај кој ги прави волшебни во темницата.

Научно чудо – генетска магија

Петунијата – светулка е резултат на внимателна генетска манипулација. Тимот научници вметнал четири гени од светлечки печурки и пет од други габи, создавајќи циклус на самоодржлива светлина. Овој процес не бара дополнителна исхрана за да ги одржи цветовите на петунијата блескави. Тоа значи дека само треба да ги гледате како светат во ноќта.

Како светат цветовите?

Кога светлината се исклучува или кога паѓа мрак, ливчињата на овие петунии започнуваат да светат со неверојатен селеникав сјај. Потребно е само неколку минути за вашите очи да се прилагодата на темницата и магијата почнува. Цветовите постојано светат како резултат на генетскиот механизам што произведува енергија потребна за светлинската реакција.

Блескава иднина на градинарите

Првите садници од оваа магична петунија веќе се пуштени во продажба од февруари и наскоро ќе можат да се најдат во градините ширум светот, не само во Америка. Замислете си градина полна со овие петунии кои светат како светилки во темница – визија која ќе го промени начинот на кој ја доживуваме ноќната природа.

Заклучок Петунијата – светулка е научно достигнување и едно необично искуство за сите љубители на природата. Со својот флуоресцентен сјај, овие цветови на петунијата ќе ја трансформираат  градината во место од соништата. Наскоро ќе уживаме во убавината на ноќна петунија.

извор и извор на фотографија