Памучна торта! Веројатно најмекиот десерт на светот, а се прави од само три состојки. Овој рецепт ќе ве воодушеви со својата едноставност.
Овие се трите состојки:
3 јајца
120 грама бело чололадо
120 грама крем сирење
Начинот на подготовка:
1.Ставете го чоколадото да се растопи на пареа.
2.Одделете ги жолчките и белките на јајцата. Изматете ги белките.
3.Кога ќе се растопи чоколадото, додадете го крем – сирењето и жолчките и полека измешајте ги со цврсто, изматените белки.
Овие се претпоследните три , гастрономски допири :
1.Печење на 170°С – 15 минути и уште 15 минути на 160°С;
2.Ладење на постоечката температура во рерната, само 15 минути;
3.Посипување на готовата памучна торта со шеќер во прав;
Ова е првиот, визуелен допир на уживањето:
1.Големо парче памучна торта во најубаво декорирана чинија.
… И последните гурмански задоволства:
1. Совршенство во секој залак
2. Воодушевени сетила
3. Сладок рај
4. Споделена радост и моменти на уживање
Фото – freepik