Оваа чоколадна торта со карамелизирани ореви е вистински деликатес. Полн со јаткасти плодови, богат чоколаден фил и раскошен вкус.
Состојки за кремот
4 јајца
100 грама шеќер
8 грама ванилин шеќер
120 грама пченкарен скроб
1 литар млеко
200 грама путер
200 грама чоколадо
100 грама печени ореви
Состојки за кората
6 јајца
малку сол
90 грама шеќер
80 грама брашно
½ лажичка прашок за пециво
100 грама ореви
Како да го подготвите кремот?
Во длабок сад изматете 4 јајца со шеќер, ванилин шеќер и пченкарен скроб. Додадете млеко и гответе на средна температура со константно мешање додека да згусне кремот.
Додадете путер и мешајте додека не се соедини.
Кремот поделете го на два дела. Во поголемиот дел додадете чоколадо и мешајте додека не се растопи. Покријте со фолија и оставете додека не се излади.
Како да ја приготвите кората?
Изматете 5 јајца со шеќер и сол. Додадете брашно со прашок за пециво и мелени ореви.
Истурете во калап (18x28cm) обложен со хартија за печење.
Печете на 180 степени целзиусови, 30 минути. Потоа поделете ја кората на два дела.
Како да ја „монтирате“ чоколадната торта?
Ставете ја првата половина од кората во калап. Чоколадниот крем изматете го и додадете печени, сечкани ореви.
Истурете го чоколадниот крем врз кората и ставете ја втората половина од кората.
Жолтиот крем изматете го и нанесете го врз втората кора.
Оставете ја тортата во фрижидер најмалку четири часа.
Карамелизирини ореви и врвот на тортата
На тавата растопете шеќер за карамелизирање. Додадете ореви и мешајте.
Префрлете ги оревите на хартија за пергамент и исечкајте ги на мали парчиња кога ќе се изладат.
Намачкајте го врвот на чоколадната торта со карамелизирани ореви.
Уживајте во оваа феноменална чоколадна торта. Добар апетит!