„Научниците од Универзитетот во Gardiff откриваат дека со помош на паметните часовници би можело да се открие „потенцијал на развивање на Паркинсоновата болест.“
Имено, паметните часовници се сензори кои можат да ги мерат и анализираат податоците за времето на спиење, времето на будење и квалитетот на сонот. Овие информации може да бидат корисни за лекарот во проценка на сонот на пациентот и прилагодување на терапијата според потребата.
Некои паметни часовници имаат GPS и помагаат во навигација и ориентација во просторот. Паметниот часовник може да ги достави упатствата за пристигнување до одредена локација што секако е од помош при движењето на отворено.
Лидерот на Истражувачкиот институт за деменција д-р Синтија Сандор истакнува: „со користење на податоците од паметните часовници би можеле да ги идентификуваме раните фази на развој на Паркинс. Со само 7 дена собрани податоци може да се предвиди случување и до седум години однапред.“