Овие палачинки го добија приматот на омилен десерт и станаа „пракса“. После добар оброк, секако доаѓа нешто слатко, нешто благо и нешто кое ќе ги разбуди сите ваши сетила. Имено, овие палачинки го полудеја „хедонистичкиот“ свет на интернет, поконкретно го освоија Тик Ток. Може да ги направите сами и да уживате во ова посебно гастрономско десертно искуство.
Се подготвуваат брзо и лесно, а за нив, потребно ни се:
- две јајца
- 110 грама шеќер
- 250 милилитри кравјо млеко
- 3 лажици маслиново масло
- 270 грама брашно
- 30 грама какао
- 2 лажици прашок за пециво
- 100 грама Нутела
Најпрво замрзнете ја Нутела половина час пред печење на палачинките за подобро да се справите со нередот во кујната. Потоа измешајте ги течните состојки во изматените јајца и сувите во хомогена смеса. Откако сте започнале со тавче на загреано масло, продолжувате со класичен начин на правење палачинки. При крајот на термички обработената палачинка, (една минута пред крајот), ја мачкате со Нутела, покривате со капак, превртувате и продолжувате со следните печења на палачинките, додека не се заврши тестото. Се разбира, истата постапка е неизбежна.
Готовите палачинки украсете ги по желба и уживајте во неповторливиот вкус.
@archersfood Replying to @Rayanne 🍨 recipe video nutella chocolate pancakes. Recipe in our blog #nutellapancakes (remove 30 g flour add 30 g cocoa powder) #foodtok #nutella #nutellarecipe ♬ What Was I Made For? [From The Motion Picture "Barbie"] – Billie Eilish
Се надеваме дека со овој рецепт ќе ги задоволите сите ваши апетити. Не заборавајте го рецептот и додадете му на светот нешто слатко!