Овој винтиџ предмет е перфектен начин да направите совршен микс помеѓу старото и модерното. Пренаменете ја старата добра „сингерка“ – шивачка машина и направете го урбано она што е старо.
Ако во некој агол од вашата куќа, се наоѓа старата добра „сингерка“, машина за шиење еве една идеја. Ако овој винтиџ предмет, кој се пренесува од колено на колено, во моментот е само правлива машина и вон употреба од „x“ причини, време е да ја пренамените. Добивате ново парче мебел како микс на антика и тренд.
Оживејте го нејзиниот изглед од атрактивна маса за двор, до романтична маса во вашето интимно катче.
Ромина Марковска