Како да се ослободите од мисли што ве вознемируваат – „Што Ако?“

мисли

Прекумерното размислување за иднината може да предизвика вознемирени мисли.

Нестабилноста на работното место, порастот на цените, глобалното затоплување, потенцијалните пандемии и сите овие фактори создаваат вознемирени мисли.

мисли

Обидот да ги скротите овие мисли може да биде тешка борба. И покрај тоа, постојат начини да си помогнете. Д-р Мириам Приес, специјалист по психосоматска медицина, вели: „Имајте на ум дека имате поголемо влијание врз сопствениот живот отколку врз глобалната слика на светот.“

Разбирање на стравот

Стравот и анксиозноста се нормални реакции на закани. Во еволуцијата, стравот им помогнал на поединците да се заштитат од опасности. Денес, овие чувства се појавуваат како резултат на негативни искуства и нашите перцепции за надворешни сируации. На пример, ако сте биле отпуштени претходно, поверојатно е дека ќе се грижите за намалување на работните места.

Прифаќање и почитување на анксиозноста

Приес советува да ја прифатите анксиозноста: „Прифатете го фактот дека сте вознемирени наместо да ја потиснувате. Обидете се да си кажете: „Чувствувам вознемиреност, но тоа не сум јас. Ќе помине.“ Ова може да помогне во намалувањето на чувството на анксиозност.

Рационална проценка

Обидете се да ја процените ситуацијата со ладна глава. Што точно е во прашање? Колку е реално негативното сценарио што го замислувате? Кои се можните решенија?

Активности за ослободување од стресот

Воведувањето активности кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот е клучно. Редовно трчање или брзо одење, дружење со пријатели или пак практикување техники за релаксација како и автоген тренинг, значително ја намалуваат ансиозноста.

Побарајте поддршка

Не се повлекувајте во себе. Обидете се да добиете поддршка од семејството, пријателите или стручна помош. Тоа би сугерирало на отворена комуникација без стеги и верба дека ќе бидете разбрани. И како велат: „Нема лек ако не ја кажеш својата болка“ и „Ако веруваш во лекарот што ќе ти го препише лекот, ќе оздравиш.“ Вербата и довербата се тесно поврзани.

Со овие стратегии, можете да ги намалите мислите што ве вознемируваат и да ја вратите контролата .