Оригиналните уметнички дела го стимулираат мозокот 10 пати посилно од репродукциите – Како?

originalnite umetnichki delago stimuliraat mozokot 10 pati posilno od reprodukciite

Оригиналните уметнички дела го стимулираат мозокот 10 пати посилно од репродукциите – Како?

Оригиналите активираат делови на мозокот поврзани со емоции, интроспекција и длабока поврзаност со делото. Истражувањето спроведено во музејот Mauritshuis во Хаг, домот на „Девојката со бисерна обетка“ од Вермер, открива дека физичкото присуство на оригиналните уметнички  дела ги буди сетилата и ја зголемува емпатијата во споредба со репродукциите.

Ама како се случува тоа?!

Оригиналните уметнички дека се сведоци на моментот на нивното создавање – секој потег со четка, секој отпечаток од раката на уметникот, секој слој боја. Мозокот ги препознава овие траги како автентични и активира длабоки невронски патишта кои ги поттикнуваат нашите сетила и емоции.  

Активирање на инстиктивната реакција

оригиналните уметнички дела го стимулираат мозокот 10 пљти посилно од репродукциите

Кога стоиме пред оригиналните уметнички дела , нашите очи не само што гледаат –„ истражуваат“.

Светлината што се одбива од оригиналната текстура, суптилните премини во бојата и длабочината на слоевите, ја привлекуваат внимателноста на начин кој репродукциите не можат да го постигнат.

Емоционална длабочина

Гледањето оригинали предизвикува појава на „естетска возбуда“ – реакција на мозокот која го зголемува лачењето на допамин, хормонот на среќа и задоволство. Ова создава длабока врска со делото која воопшто не може да се спореди со гледање репродукции, без разлика колку се тие вернина оригинилаот.

Моќта на контекстот

Музејскиот амбиент додава тежина. Просториите исполнети со тишина, посебното осветлување и историјата што се чувствува во воздухот, ја збогатуваат нашата перцепција и го потенцираат чувството на исклучителност што го нуди оригиналното уметничко дело.

Зошто е важно?

Во дигиталната ера, каде што сè е на дофат на еден клик, искуството на гледање оригинално дело е непроценливо. Тоа е момент кога времето запира, а умот станува дел од магијата на уметноста. Следниот пат кога ќе бидете пред ремек –дело, дозволете му на вашиот мозок да ги впие деталите, текстурите и емоциите. Ќе доживеете нешто што не може да се пресоздаде преку екран.

Посетете музеј. Допрете ја уметноста со вашите очи. Искусете ја.