Лорен дела Рош – Нетипична уметничка со автентични дела

Лорен дела Рош живее во Сент Луис, Мисури, а нејзината уметничка страна не била експонирана веднаш. Имено, таа била поттикната од своите пријатели кои исто така биле дел од овој уметнички свет.

Веднаш откако Лорен се „разбудила“ од неверувањето дека во себе има нетипична маестралност и автентичен талент, нејзините дела биле прифатени од пошироката публика. Имено, дела Рош е самоук и нејзината уметничка приказна започнала со изложба во кафулето Модерн Тајмс во Минеаполис 2012 година. Денес нејзините дела се респектирани од многу познавачи на уметноста и критичари, а истите се составен дел од колекциите на „Музејот за уметност на Северна Дакота“ и „Институтот за уметност“ во Минеаполис, како и во бројни приватни колекции.

За своите дела, Лорен ќе раскаже дека црпи инспирација од класичната грчка митологија. Визуелните влијанија доаѓаат како метафора на нејзиниот живописен свет на соништата, рачно изработени везови, домашни ентериери, ткаенини, музика. Уметничката е виртуоз со четка, создавајќи жестоки гестови во колоритен свет на платно.

Јас создавам слики кои истовремено истражуваат рамнотежа и нелагодност: женски актови се впуштаат во ритуалистички чинови, мачки и кучиња живеат хармонично, а дивите животни фигурираат внатре во домовите и изгледаат кротки. Сите суштества имаат исти шарки, точки и гестови, но и покрај тоа што тие се во нивниот домашен контекст, злокобноста секогаш е присутна закана.“ – ќе додаде Лорен.

Запознавањето со нејзината приказна нека биде поттик за откривање на вашиот длабоко скриен таент, за она што навистина го сакате и сакате да го псотигниете. Време е да се препознаете и да започнете со качување на скалите до целта.

Во продолжение, погледнете ја нејзината галерија, а доколку сакате да разгледате повеќе од нејзините дела, посетете го нејзиниот инстаграм профил: