Јади само краставици ќе ослабиш, прескокни доручек и вечера ќе изгледаш супер – Опасни трендови кои ги шират лажните вести

-Јади само краставици една недела – ќе ослабеш! Ако прескокнеш доручек и вечера, ќе изгледаш супер! Овие совети звучат лесно и брзо, но можат да бидат опасни. Некои млади почнуваат да се хранат малку, пијат чаеви или таблети за слабеење, или премногу вежбаат без да јадат. Наместо да станат здрави, си го уништуваат телото, а не ретко се соочуваат и со здравствени проблеми. Сето тоа е последица од дезинформации кои брзо се шират преку социјалните медиуми. Опасни трендови кои ги шират лажните вести.

Денес сме постојано онлајн – гледаме видеа, читаме објави, следиме инфлуенсери. Информациите стигнуваат до нас брзо, но не секогаш се вистинити. Живееме во информатичко општество, но какви информации стигнуваат до нас секој ден. Некои се лажни и може да не збунат, дури и да не повредат. Затоа е многу важно секој млад човек да знае како да се справи со лажни вести и дезинформации на интернет, да знае да ги препознае и соодветно да постапи во однос на нив. Да е свесен за постоењето на опасни трендови.

Клучното прашање е: Како да препознаеш што е вистина, а што лага на интернет?

Што се дезинформации?

Дезинформации се лажни или погрешни информации што се шират многу брзо. Некогаш се шират без намера, но понекогаш и со цел некого да измамат или исплашат. Најчесто ги гледаме на социјалните мрежи.

Опасни трендови што изгледаат нормало

Живееме во информатичко општество, но лажните информации можат да бидат и опасни. На ТикТок, Инстаграм и Јутјуб често има видеа кои велат:

-Јади само краставици една недела – ќе ослабеш!
-Пиј киселина или вода со лимон  и ќе имаш совршено тело!
-Ако прескокнеш доручек и вечера, ќе изгледаш супер!

people with laptop speech news promotion leadership social network vector illustration

Овие совети звучат лесно и брзо, но можат да бидат опасни. Некои млади почнуваат да се хранат многу малку, пијат чаеви или таблети за слабеење, или премногу вежбаат без да јадат. Наместо да станат здрави, си го уништуваат телото, а не ретко се соочуваат и со здравствени проблеми.

Понекогаш, лажните информации не се само за диети. Има објави кои ветуваат брза популарност, пари или слава ако направиш нешто опасно – како предизвици што вклучуваат самоповредување или ризични видеа. Тоа не е вистински успех, туку стапица  која може да остави трајни последици.

Како да знаеш дали е нешто точно? 

Еве неколку едноставни правила:

-Провери кој ја споделил информацијата – дали е нутриционист, доктор или само инфлуенсер.
-Размисли  дали ова што го читаш или гледаш звучи премногу убаво за да е вистинито.
– Побарај и други извори, дали веста ја има и на други места, особено на проверени портали, веб-страници или други он лајн медиуми.
-Ако нешто те вознемирува разговарај со возрасен.

Зошто е важна медиумската писменост?

Медиумската писменост значи да знаеш како да препознаеш вистинити и лажни информации. Ако си медиумски писмен:

– Ќе знаеш кога некој те лаже.
– Ќе се заштитиш од опасни совети.
– Ќе помогнеш и на другите да не бидат измамени.

Затоа е важно овие вештини да се учат и на училиште. Колку повеќе знаеме, толку подобро ќе се снаоѓаме во свет полн со информации.

Што можеш да направиш?

-Следи медиуми и профили што споделуваат точни и проверени информации.

-Не споделувај вести ако не си сигурен дека се точни.

 -Реагирај  кога некој шири опасни совети.

-Биди пример за другите, користи ги медиумите паметно и одговорно.

Текстот е подготвен во рамките на проектот „Младинска медиумска лабораторија“ во кој млади од Битола, Прилеп, Ресен, Крушево, Могила и Новаци низ серија обуки и менторска програма ги зајакнуваа своите капацитети во областа на медиумската писменост и учеа да продуцираат одговорни медиумски содржини.

Проектот го имплементира граѓанската организација „Граѓански Патеки“ во партнерство со здруженијата „ИКТ Свет“, „Журналист“, „Од млади за млади“, „Младинска Граѓанска Акција“ и „Еко герила Преспа“.

Активностите се спроведуваат во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.

[post_tags]