Олимписки моменти кои ќе ве изненадат! Олимписки моменти кои оставаат трајно сеќавање од спортски подвизи до емотивни победи. Продолжете со читање, нема да зажалите.
Еден од најзапаметените олимписки моменти е оној на румунската гимнастичарка Надија Команечи, која на само 14 години го освои светот со својот перфектен резултат 10.0 на Летните олимписки игри, 1976 година во Монтреал. Овој олимписки момент остана врежан во спортската историја.
Други олимписки моменти кои го привлекоа вниманието на светот ги вклучуваат подвизите на Јусеин Болт, јамајскиот атлетичар. Toj постави нови светски рекорди на патеката. Олимписки моменти кои ги надминаа предрасудите и бариериерите му се препишуваат на Џеси Овенс, американскиот атлетичар. Тој освои дури четири златни медали во дисциплините трчање на 100 метри. Tрчање на 200 метри, скок во далечина и 4×100 метри штафета во Берлин во 1936 година. Ова последното укажува на тоа дека Џеси Овенс беше и клучен играч во штафетата. Тоа беше олимписки момент на значајна победа против расизмот и дискриминацијата.
Првите Олимписки Игри – Првите олимписки игри се одржале во 8 век п.н.е. во Олимпија, Грција. Се одржувале на секои четири години до 4 век од нашата ера, кога император Теодосиј ги забранил.
Враќање на игрите – По околу 1 500 години, модерните Олимписки игри беа повторно установени во 1896 година во Грција.
Натпревари во античка Грција – Спортистите во античка Грција се натпреварувале голи и следеле строг режим на исхрана.
Времетраење на Игрите – Олимписките игри траеле пет- шест месеци.
Жените на Олимпијадата – Жените се натпреварувале на Олимписките игри од 1900 година.
Зимски и Летни Игри – Од 1924 до 1992 година, Зимските и Летните олимписки игри се одржуваа во истата година, а сега се менуваат на секои две години.
Медали за двете игри – Само четворица спортисти освоиле медали и на Зимските и на Летните олимписки игри. Само една од нив, Криста Лудинг – Ротернбургер освои медали во истата година. Таа е двократна освојувачка на златни олимписки медали во брзо лизгање, додека е сребрен олимписки медалист во велосипедизам.
Потребата од крпи – На Олимпиското село во Лондон 2012 година му беа потребни 165 000 крпи за две недели активности.
Официјални јазици – Официјални јазици на игрите се англискиот и францускиот со дополнителен јазик на земјата домаќин.
Тарзан на Натпреварот – Џони Вајсмилер, кој стана актер во улогата на Тарзан, освои пет златни медали во пливање во 1920 – тите.
Уметници на Олимписките игри – Од 1912 до 1948 година, уметниците учествуваа на Олимписките игри и се натпреваруваа во сликарство, скулптура, архитектура, литература и музика.
Јапонците и медалите – На игрите во Берлин 1936 година, двајца јапонски скокачи со стап ги поделиле сребрените и бронзените медали на половина.
Палење на Олимпискиот Факел – Факелот се пали на старомоден начин во Храмот на Хера, Грција: актерки облечени како свештеници, користат параболично огледало за да ја фокусираат сончевата светлина и да ја насочат кон специјално подготвеното гориво на факелот. Поради концентрираната сончева светлина, горивото се запалува.
Целата оваа церемонија ја симболизира врската помеѓу древната грчка традиција и современите Олимписки игри.
Патувањето на факелот – Фаќелот патува до градот домаќин на разни начини: тркачи, бродови, авион, коњи, камила, радио сигнали и кану.
Факел во Вселената – Незапалениот факел бил испратен во вселената неколку пати.
Пламен што не се изгаснува – Штафетниот факел и олимпискиот оган треба да гори во текот на целиот настан. Пламенот може да се запали само со резервен пламен од Грција.
Дамите и Плимписките Игри – Игрите во Лондон 2012 година беа првите каде сите земји учеснички испратија спортистки.
Спортови кои повеќе не се дел од игрите – Непостоечки спортови вклучуваат соло синхронизирано пливање, влечење јаже, балон со топол воздух и пукање живи гулаби(единствено во 1 900 година).
Олимписки Прстени – Петте прстени на олимпискиот симбол ги претставуваат петте населени континенти.
Бои на Прстените – Шест бои – сина, жолта, црна, зелена, црвена и бела, се избрани затоа што секое знаме содржи барем една од нив.
Олимпијадата и Олимписките игри – Правилно е да се каже Олимписки игри за натпреварувањето. Додека Олимпијадата се однесува на четиригодишниот период помеѓу Игрите.
Првата Олиписка маскота – Првата официјална маскота беше Валди, дакел на Игрите во Минхен, 1972 година.
Пет постојани спортови – Пет спортови кои биле на сите Олимписки игри досега се: атлетика, ритмичка гимнастика, пливање, возење велосипед и мечување.
Резиме – Овие олимписки моменти ги одбележаа игрите и оставија траен впечаток . Инспирираат генерации на спортисти и љубители на спортот. Олимписките моменти ја носат магијата и драмата на овие глобални натпревари. Нè оставаат без здив со нивната фасцинантна историја и уникатност.