На интернет кружи видео кое достигна 7,7 милиони прегледи. Станува збор за вознемирувачка симулација и 3 Д анимација која стана вирална. Што „БИ“ со нашето тело за време на нуклеарна експлозија?
Видеото е насловено како „Човечко тело против нуклеарна експлозија“ и е поставено на „you tube“ платформата пред еден месец на каналот за 3D анимација Atomic Marvel. Шокантната вистина за тоа што би му се случило на нашето тело при нуклеарна експлозија, ги заинтересира сите. Ако и вие сте дел од таа љубопитна публика, погледнете го видеото, но имајте на ум дека следи вознемирувачка содржина.