Трендови те секогаш можат да ни помогнат во украсувањето за Божиќ. Создадете автентичност инспирирајќи се од нив.
Неутралните палети на бои и природните органски материјали добиваат на популарност оваа година. Создадете неутрален ефект. Комбинирајте една или две бои од постоечката палета на бои со зелени нијанси како акцент. Вметнете дрвени тонови.
Соберете ја природата во купче: шишарки, желади и гранчиња собрани во централно место во домот. Водете се од правилото-колу поприродно, толку подобро.
Елка со ефект на штотуку заврнат снег врз неа е полн погодок. Снегулките сликаат весела атмосфера. Закачете хартиени снегулки , големи и мали во правилна и неправилна форма. Пресликајте ја зимата во топлината на домот.
Лампионите светкаат носталгично и традиционално во зелена, црвена и жолта боја. На старите лампиони додајте им посјаен финиш. Ослободете ја вашата фантазија и уживајте.
Можеби и розова елка ќе доминира во Божиќната атмосфера. И нема да погрешите. Таа е вистински тренд.
И не заборавајте: најубавите новогодишни трендови на украсување, ги создавате додека уживате.