Новогодишната елка – Некогашен ритуал само на високите класи

новогодишната елка

Зошто ја украсуваме новогодишната елка – Значајна приказна која веројатно не сте ја знаеле

Сте се запрашале ли од каде потекнува традицијата за украсување на новогодишната елка? Постојат многу верувања и тврдења околу историјата на украсување на божиќното дрво, а еве што вели една од нив. Според нашите истражувања, се тврди дека ова е токму вистинската приказна.

Значи како се започнало?

Обичајот за украсување дрвја за Божиќ и дочек на Нова година, започнал уште во Германија и тоа во средниот век.

Интересно е што тогаш немало лампиони и разни декоративни украси и сијалички. Елката била украсена со црвени јаболка, колачиња и свеќи кои го симболизирале Христос како вечна светлина. Како што поминало времето, низ вековите овој обичај и традиција се проширил и се прифатил и низ Европа, а од тука малку се видоизменувал целиот концепт.

новогодишната елка

Нешто после ова, во 1841 година, се појавил и обичајот на оставање на подароци под елката. Тоа се случило во Англија, кога елката се украсувала со хартиени цветови, лакови, бонбони и малечки подароци. Интересно е што украсувањето ан божиќно дрво било за оние од високите класи, (ние би рекле за оние од „големото добро итро), па ова дрво било симбол на некаков престиж и само највисоките слоеви во општеството можеле да си го овозможат ова празнично задоволство. Но, сепак, тоа се случувало краток период, за потоа традицијата да биде прифатена од сите верници и сите слоеви на општеството, дури и од оние пониските класи. Полека Америка се преполнувала со германски доселеници и токму тие биле главните виновници за пренесување на обичајот кој денес на тие простори е вистинска сензација. Во Азија пак, елката се дознала од мисионерите.

За крај, над сето ова, еден од нашите извори, ќе поентира:

„Постојат различни теории за потеклото на обичајот на украсување на елката, а често се поврзува со симболиката на дрвјата во претхристијанските ритуали. Во овој обичај улога игра и легендата за донаровиот даб, светото дрво на германското племе Хата. Според легендата, христијанскиот мисионер Бонифациј исекол едно од тие свети дрвја за да ја покаже супериорноста на христијанството. Овој настан се смета за клучен за христијанизацијата на Германците. Обожувањето на дрвјата меѓу европските пагани го преживеа прифаќањето на новата религија.“