Со каква енергија ќе ја дочекаме Новата Година?

nova godina novata godina 2024

Ок, можеби со текстов не сме далеку од клишето: „Во Новата година – Нов ЈАС“. Всушност , идејата беше да напишеме урнебесен текст, комична колумна, но ќе го оставиме сето тоа за во некоја наредна прилика, наредна година.

Нова година – Нов јас! – Зошто пак да не! Не дека во потполност се согласуваме со ваквата режија и досадуваме со монотона тензија што редовно се повторува секоја година, но сигурни сме дека се согласувате дека Новата година е навистина одлична можност за совладување нови предизвици.

Во новата година, избришете го менталниот хаос – Време е за „shift – delete“!

Време е да се избришат некои работи. Да се испрати минатото и во фиока да се остави сето она што е старо, излитено и она што повредува. Кога ќе го правите списокот за тоа што се треба да промените во новата година, убаво би било најпрво да сфатите што е она што до сега ве нервирало, фрустрирало, навредило… Одберете да имате чисти полици, затоа што како велат: „Clear shelves clear mind“ нели? Или „Чисти полици, чист ум! “ Откако ќе го исчистите тоа старо, ќе биде лесно да внесете нешто ново.

Променете го стилот на облекување

До некаде е вистина она дека облеката е огледало на душата. Обновете го плакарот и задржете ги само светлите бои. Верувајте одразот во огледало е нешто што може многу да промени околу структурата на вашиот mindset. Што е она што навистина сакате да го постигнете ? Кое парче навистина сакате да го носите? што би ве окарактеризирало вас? Но, таа новa јас, не таа стaра.

Еднаш ставете завршна реченица и финиширајте ја претходната книга, а потоа размислите што би испишале на првата нова страница?

Колку и да била лоша приказната од 2023, напишете заклучок кој би финиширал во поука, кој би поентирал мудрост и нешто од кое ќе извлечите позитивна енергија за да отворите нова врата, нови можности.

…И понатаму не драмиме многу…

Само би рекле да ставите насмевка на лицето, секогаш да ја гледате светлата страна и да верувате во чуда! Бидете храбри и користете ги вистинските алатки за да создадете нова приказна. Верувајте во чуда, а не во суеверија! Во добрата страна, човечноста и љубовта! Среќна Нова година!

Разбудете се во токму таков свет, каде вие сте приоритет, господар и автор на новата приказна наречена 2024!