Новак Ѓоковиќ е светски тенисер број еден. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 23-та gran slam титула на Roland Garos . Норвежанецот Casper Ruud е поразен во директни сетови. Новак Ѓоковиќ , официјално го потврдува статусот на најдобар тенисер на сите времиња во историјата. Мечот кој на Новак му ја донесе 94 – тата титула во кариерата и го донесе на врвот на светската ранг листа и траеше три часа и тринаесет минути.
А еве кои беа првте големи зборови на големиот човек, Новак Ѓоковиќ после мечот во арената на спортот и после финишот на среќните тринаесет минути:
One of the best speeches after winning a grand slam
— Vaibhav Sharma (@vaibhav_4x) June 11, 2023
Special achievement, special speech
NEVER GIVE UP#RolandGarros #RolandGarros2023 #Djokovic #NovakDjokovic
pic.twitter.com/zcwbd4Up6X
„Ви благодарам на сите за оваа посебна атмосфера, ова е неверојатен момент во мојата кариера. Навистина е посебен, ова е еден од најголемите моменти во мојата кариера поради 23-та грен слем титула.
Можеби е случајно што ја освоив токму тука во Париз, бидејќи овој турнир отсекогаш ми бил најтежок. Затоа сум сега толку емотивен. Многу работи се случија надвор од теренот. Моите деца се тука и секогаш се трудам да им испратам пораки од кои можат да научат. Имав седум години кога почнав да играм тенис и сонував да го освојам Вимблдон. Сега сум тука, со 23 грен слем титули, многу повеќе отколку што се надевав. Секогаш се трудев да ги визуелизирам работите и однапред да ги планирам. Имам една порака за сите деца: Заборавете што се случило, мислете за иднината. Земете ги работите во свои раце, верувајте и создавајте“, изјави меѓу другото Новак Ѓоковиќ во шампионскиот говор од теренот на „Филип Шатрие“.