Нов Календар, Нови Желби!

Нов Календар, Нови Желби – Нова Година, Нови Почетоци…или барем така се вели додека го чистите распаднатиот декор од стариот календар. Секој новогодишен празник носи надеж за подобра година, но дали знаете што всушност сакаме сите?

Нов календар, нови желби! Сите сакаме да ни се исполнат желбите! И тоа не било какви желби. Желби кои ќе не насмеат, инспирираат и истовремено ќе не потсетат дека сме љубители на добрата забава и позитивната енергија… Без разлика дали се фокусирате на фитнес цели или на тоа како да ги најдете сите изгубени чорапи, ние ви носиме неколку необични новогодишни желби со добра доза хумор и невообичаен оптимизам!

Нов Календар, Нови Желби! „Новата година нека биде како добро филмско продолжение – полна со драматични моменти, но со среќен крај!“

nov kalendar novi zelbi

„Во годината што доаѓа, ако работите не одат како што сте планирале, само запрете. Земете си коктел и преправајте се дека тоа е дел од мастер планот. Животот понекогаш сака и да се пошегува, па зошто да не му вратиме со иста мера? За нас, филмските ѕвезди, тоа е сосема нормално.

„Не било кој туку ТОЈ да се појави во Новата – Новиот телефон што нема да се расипува после две недели! И нормално, да прави кафе, да ми ги средува мислите и да ме потсетува каде ги оставив клучевите . Ако ќе биде „ТОЈ“, нека биде вистинскиот!“

„Во 2025, моето тело и мојата душа нека бидат во согласност. А ако тоа не се случи, барем нека има повеќе чоколади!“ На крајот на денот, новогодишните желби, не се за нешто премногу драматично. Понекогаш,  сè што ви треба за среќа е добар десерт, а позитивната енергија доаѓа сама од себе.

„За наредната година пожелувам повеќе време за себе – но само ако нема гужви во салата за вежбање…и ако инструкторот не личи на модел од реклама за протеини. Ако е така ќе останам дома, ќе си направам „домашен фитнес“ со истегнување до далечинскиот и ќе комбинирам со „кардио“- трчање по станот кога ќе заѕвони телефонот.“

„Нека оваа година сите наши недостижни соништа станат реалност… или барем да изгледаат дека ќе станат!“ Зошто не? На крајот на краиштата, ако не можеш да бидеш супер херој, можеш барем да изгледаш како еден од нив само во пижами и ќе си го спасиш денот! Хероите понекогаш се облекуваат удобно!“

Сосема на крај, важно е да си во добро расположение, без разлика дали носиш костум или фланелна маица…вака или онака, смеј се! Како што вели Чарлс Р. Свиндол: „Животот е 10% тоа што ни се случува и 90% како реагираме на него.“ Затоа, направи ја најдобрата реакција  – твојата супермоќ!

Нов Календар, Нови Желби!

Пишува: Ромина Марковска