Евроинтегративен пат – Франција цврсто стои зад Македонија

francija cvrsto stoi zad makedonija na nejziniot evrointegrativen pat

Евроинтегративен пат – Франција цврсто стои зад Македонија. Оваа поддршка доаѓа од највисокото ниво, претседателот на Франција, Емануел Макрон. На состанокот со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, одржан за време на Европската политичка заедница во Будимпешта, двајцата лидери ја потврдија важноста од продлабочување на билатералните односи, особено на економско поле. Истото, претставува потенцијал за енергетика, здравство и транспорт.

Франција силно ја поддржува Македонија на нејзиниот вроинтегративен пат. Oваа средба е сигнал дека Европа го препознава потенцијалот на Македонија. Вицепремиерот Алекзандар Николовски го потенцираше личниот авторитет на Мицкоски и угледот што го ужива Македонија. „Макрон е несомнено еден од водечките политички гласови на Европа денес и неговото време посветено на оваа средба покажува силен европски интерес за нашата иднина.“ истакна Николоски.

Средбата резултира со уште поголем оптимизам кај премиерот Мицкоски. По завршувањето на конференцијата порача: „Мора да успееме. Нашето место е во ЕУ. Овој состанок ми покажа дека нашата европска приказна ќе биде успешна.“

Франција застана цврсто зад Македонија, нудејќи ги своите дипломатски и политички ресурси за да го забрза евроинтегративниот пат на нашата земја. Европа не само што гледа  туку и активно делува за нас. Евроинтегративен пат на Македонија е повеќе од политичка амбиција. Тоа е визија за иднината на земјата, стремеж кон стабилност, просперитет и европски вредности. Во поддршка на овој пат, Франција, како еден од клучните столбови на Европската унија, застана до Македонија, потврдувајќи дека европската иднина е достижна, но во согласност со обврските кои ги презела земјата.