И после многу „кандисвања“, апели од публиката, желби и посакувања, конечно на ред дојде и Никола Стефанов. Никола е најмладиот актер во Битолскиот театар, а ние како публика можеме да речеме дека е и брилијантен.
Талентираниот актер во југото на Мими, зборуваше за Битолскиот Народен Театар за кој гласно се согласуваме дека е стожер на театрите во Македонија.
Никола раскажа како се роди неговата приказна и како тој се вљубил во „штиците што живот значат“. Имено се започнало после многу одгледани претстави, убави моменти…. Така, едноставно се родила магијата и актерот посакал да види што се крие зад црвената завеса. Стефанов назад во средношколските денови заедно со свои соученици формирале аматерска група. Играл во претстава именувана како „Светот зад сликите“ зад чиј текст се потпишала негова школска пријателка. Никола Стефанов продолжил да ја чекори оваа патека и со голем труд, амбиција и волја, денес е дел од оваа магична приказна.
Понатаму во југото Никола се потсети на своето детство и на убавите безгрижни денови. И кога сме кај најмладите, актерот упати и апел кон таа публика која смета дека треба почесто да посетува театар. Апел кој гласно го поддржуваме. Веројатно желбата за гледање на претстави се раѓа уште од најмала возраст, а оние кои треба да ја поттикнат истата, секако се родителите и професорите.
Да не должиме многу и да не досадуваме со текст, видете го видеото погоре и уживајте во најновата емисија YUGO.