Динамичниот начин на живот, обврските кои мора да се завршат во одредено време, (а некогаш и не мора) и сиот тој натрупан распоред, за жал може да вијае врз вашето расположение, здравје и секако квалитетниот сон. Многумина патат од несоница и не знаат како да се справат со неа. Подоцна последиците се фатални, па можат да го создадат токму тоа нерасположени, а тие негативни вибрации ќе „настапат“ со уште пофатални последици.
Според принципите на Фенг Шуи филозофијата, спалната соба има исклучително големо влијание врз нашата физичка и ментална благосостојба
Со оглед на тоа што поголемиот дел од времето го поминуваме во спалната соба во пасивна состојба, за максимално да ја искористиме нејзината енергија, важно е внимателно да избираме сè околу нас во неа. За мирен сон, според истата философија овие четири работи треба да ги отстраните од спалната соба:
1. Се под креветот
За да се сочува протокот на енергија, треба да отстраните се што имате под креветот. Но, ако вашиот простор не го дозволува тоа, пробајте со поинаков распоред и под креветот складирајте само меки предмети, као перници и постелнини. Освен празнењето под креветот, според Фенг Шуи треба да се отстранат и старите предмети некои одреден декорации затоа што и тие исто така го гушат просторот и создаваат нарушување на протокот на енергија. Истото доведува до несоница и лош сон.
2. Телевизија и други електронски уреди
Веројатно веќе сте запознаени со препораката да не гледате телевизија или да користите електронски уреди како телефони и компјутери пред да одите во кревет. Исотото важи за вашата спална. Тука не смеат да бидат присутни електронски уреди.
3. Поставете го креветот на „најсилното место“
Според Фенг Шуи, креветот треба да биде поставен на „најсилното место“ во спалната соба. Тоа значи дека треба да има поглед кон влезот на вратата, но да биде поставен подалеку од директна линија со вратата. На овој начин креветот добива стабилност, поддршка и енергетска заштита. Исто така, препорачливо е да избегнувате поставување на креветот под прозорец, бидејќи тоа може да го наруши протокот на енергија и да влијае на квалитетот на сонот.
4. Книги
Љубителите на книги можеби ќе се разочараат, но доколку му бверуваат на Фен Шу фиософијата, би требало да знаат дека спалната, не е одлично место за чување на истите. Тие испуштаат активна енергија што може да го попречи целосното опуштање. Ако не можете или не сакате целосно да се откажете од книгите во спалната соба, обидете се барем да ги ставите надвор од видното поле.