Класичниот модел на венчаници веројатно полека заминува во историјата
Класичниот модел на венчаници веројатно полека заминува во историјата со долг крој што го следи клишето, полека заминува во историјата. На ред се ексклузивните модели кои доаѓаат од познати свeтетски дизајнери од модни куќи, брендови. Изобилуваат со дискретна симбиоза на нежнии материјали во совршена стилска нота на латентна и дискретна драматичност.
Да не должиме многу следејќи ги ептитетите, ве оставаме да уживате во моделите и можеби да ја одберете вашата совршена венчаница за вашиот голем ден. Бидете елегантни, уникатни и се разбира, ако сте невеста, и драмата ви е дозволена.
Мини или миди здолништа
За уникатен изглед може да се фокусирате на мини или миди изборот на венчаници или едноставните фустани во бело. Олеснителната околност е што ваквите модели, можат да се најдат и во други продавници и молови. Не само во оние кои се специјализирани за продавање на венчаници.
Реси
Ресите се секогаш во мода. Моделите на фустани со реси веројатно ги измислија девојките од дваесеттите. Токму тоа бил периодот кога дамите рушеле бариери и излегувале од стегите, покажувајќи ја својата моќ, својот глас, своето право. Можеби ан еден начин кратките фустани биле знак на автентична препознатливост на таа борбеност и излегување од строгиот кодекс со макси здолништата од тешки материјали. А ресите? Ресите веројатно ја раскажуваат приказната дека сето тоа било разиграно, со многу џез и гласна музика.
Елегантни и макси тоалети
Сепак, ако сеуште стои тој урбан мисловен концепт дека девојката мора да носи долг фустан на својата свадба, тогаш ова е вистинското модно решение за вас.