Колекционер живее со 250 винтиџ кукли

Не се страшни, само се погрешно сфатени: Колекционерот што живее со 250 винтиџ кукли? Името му е Крис Хенри од Њу Џерси. Има 26 години, се издвојува со својата посветеност на винтиџ кукли. Неговата збирка брои околу 250 ретки примероци, главно од почетокот на 20 век. Според неговата проценка, вредат меѓу три и четири илјади долари.

ne-se-strashni-samo-se-pogreshno-sfateni-kolekcionerot-shto-zivee-so-250-vintidj-kukli
Колекционер живее со 250 винтиџ кукли

Кога љубовта кон куклите станува животна мисија?

Иако многу луѓе сметаат дека винтиџ куклите имаат морничав изглед, Крис верува дека не се страшни – „тие се само погрешно сфатени“, вели тој.  Страста за колекционерството ја развил во тинејџерските години, кога ја купил својата прва кукла – Crusty Marge, што ја разбудила неговата љубопитност и почит кон историјата.

Од антикварници, second-hand продавници како eBay и Etsy, Крис собира уникатни парчиња со посебна приказна. Во неговата колекција се наоѓаат кукли како Raggedy Ann, марионети, па дури и неколку кловнови.  Секое патување му носи ново откритие – неговата збирка содржи кукли од Гана, Јужна Африка, Индија, Франција и многу други земји.

Кукли со историја, а не обични играчки

Крис, не сака да ги продава куклите. Неговата цел е да ги зачува овие историски артефакти. За него, секоја кукла има душа и заслужува да биде почитувана. Иако често се соочува со коментари дека пасијата му е „чудна“, тој продолжува да се грижи за својата уникатна колекција.

[post_tags]