Научете да реагирате без да реагирате – дали некогаш сте размислувале што би се случило ако во моментите на најголем притисок одберете да не реагирате веднаш? Што ќе се случи ако не им дозволите на гневот или болката да ги диктираат вашите потези? Кога се воздржувате од импулсивност, создавате вистински мир и ја зајакнувате својата внатрешна сила, велат психолозите. Така ја ослободувате вашата најголема моќ. Сè до тој момент, не сте ни свесени сека ја имате. Да го знаевме ова порано ќе избегневме многу главоболки, нели?
Моќта на воздржаноста
Епиктет рекол: „Не нè вознемирува она што се случува туку нашиот однос кон тоа.“ Често реагираме погрешно и затоа ретко разбираме што навистина се случува. Моќта на воздржаноста ја откриваме кога ќе научиме да не дозволиме емоциите да ни бидат господари.
Ако никогаш не сте пробале да реагирате без навистина да реагирате, направете го тоа. Ќе се изненадите од ефектот. Светот постојано бара да бидеме на штрек, но вистинската сила е во мирот. Тоа не значи неумно затворање на устата или нагло да реагираме ами да одржиме јасност во мислата, контрола врз постапката. Реагирањето без реакција е свесен избор на време и начин.
Внатрешна рамнотежа – Патот кон слободата
Убавината лежи во способноста да останеме присутни без да дозволиме надворешните бури да нè отстранат од сопствената внатрешна рамнотежа. Она што го прифќаме со мир, се претвора во наша моќ, а она што го негираме, станува наш товар. Кога ќе научиме да не дозволуваме гневот и болката да ни бидат господари, ќе се почувствуваме вистински слободни. Со поинакви зброови, ќе бидеме во хармонија со себе си.
Научете да реагирате без да реагирате – ефектот е специјален. И запомнете, реагирањето без реакција не е слабост ами врвна вештина која носи долгогодишни придобивки. Практикувајте ја и ќе откриете свет во кој смиреноста и самоконтролата се вашите најсилни адути во животот.
пишува: Ромина Марковска